Едукација https://edukacija.mk до импакт преку одржливо образование Sat, 08 Jan 2022 12:03:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.1 Истражување за примена на ИКТ во одделенска настава https://edukacija.mk/istrazuvanje-za-primena-na-ikt-vo-oddelenska-nastava/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=istrazuvanje-za-primena-na-ikt-vo-oddelenska-nastava Sat, 08 Jan 2022 12:02:02 +0000 https://edukacija.mk/?p=217 Read More »Истражување за примена на ИКТ во одделенска настава]]> Податоците и заклучоците од ова истражување се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска.

Целта на ова истражување е:

  • да се оценат условите за примена на ИКТ во наставата по математика во одделенска настава
  • да се оцени степенот на примена на ИКТ во одделенска настава по предметот математика
  • да се направи самооценка на вештините и способноста за примена на ИКТ од страна на одделенските наставници
  • да се утврди колку одделенските наставници слушнале за програмата Scratch и колку сметаат дека ја владеат
  • да се увиди заинтересираноста на одделенските наставници за посетување на обуки за подобри ИКТ вештини и совладување на програмата Scratch

Популацијата на ова истражување се сите одделенски наставници од прво до петто одделение во основните училишта во Република Северна Македонија.

Истражувањето се спроведе со користење на инструментот – анкетен прашалник.

1.1    Анкетен прашалник

Анкетата се спроведе електронски во периодот од 23.04.2020 година до 03.06.2020 година.

Анкетниот прашалник за истражувањето беше изработен во Google forms. Прашалникот го одговорија 214 одделенски наставници до кои пристапив преку пет групи за одделенски наставници (за прво, второ, трето, четврто и петто одделение) на социјалната мрежа Facebook и преку испраќање на порака до мејл адреси од основните училишта во РСМ со објаснување дека е наменета за одделенски наставници. Пристапот до прашалникот се овозможи со споделување на соодветниот линк од прашалникот.

Прашањата во анкетниот прашалник беа поделени во три групи:

  1. Генерални податоци
  2. Услови и примена на ИКТ
  3. Scratch

Во делот I. Генерални податоци се вклучија прашања со одбирање на веќе понудени одговори (со повеќекратен избор) и тоа за:

  • Пол (опции: машки, женски)
  • Работен стаж во настава (Опции: 0 – 5 години, 5 – 10 години, 15 – 20 години, 25 – 30 години, повеќе од 30 години)
  • Општина на училиштето (во опции беа наведени сите општини во РСМ)
  • Дали училиштето се наоѓа во градска или во рурална средина
  • Јазик на изведување на наставата (опции: македонски, албански, турски, српски, ромски, друг)
  • Одделение во кое предава наставникот во тековната учебна година (опции: прво, второ, трето, четврто, петтто)

Во делот II. Услови и примена на ИКТ се содржеа следните прашања:

  • Какви се условите за примена на ИКТ (информатичко-компјутерска технологија) во наставата во вашето училиште? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  • Какви се условите за примена на ИКТ (информатичко-компјутерска технологија) во наставата во вашата училница? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  • Колку често користите ИКТ во наставата по математика? (одговор со повеќекратен избор: многу често –  често – ретко – многу ретко – никогаш)
  • Како ја оценувате примената на ИКТ во наставата во Вашето училиште? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  • Како ја оценувате примената на ИКТ во наставата по математика што ја изведувате Вие? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  • Какви ИКТ алатки (програми, апликации) користите во наставата по математика? (одговор со дополнување)
  • Кои интернет страници (за наоѓање активности или линкови со онлајн активности) ги користите во наставата по математика? (одговор со дополнување)
  • Дали сте слушнале за Scratch? (одговор со двоен избор: да или не)

Во зависност од одговорот на последното прашање од претходниот дел, делот III. Scratch се состои од следните прашањa:

  1. Ако испитаникот слушнал за Scratch тогаш за него следуваат прашањата:
  2. Дали сте посетувале обука за Scratch? (одговор со избор: да или не)
  3. Како го оценувате Вашето познавање на програмата Scratch? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  4. Како ја оценувате Вашата примена на Scratch во наставата? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  5. Ако испитаникот не слушнал за Scratch тогаш за него следуваат прашањата:
  6. Дали сакате да посетите обука за Scratch? (одговор со избор: да или не)
  7. Како ја оценувате можноста за обуки за ИКТ во наставата во вашето училиште? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)
  8. Како ја оценувате заинтересираноста на наставниците за посета на обука за ИКТ во наставата? (одговор со повеќекратен избор: Одлично –  многу добро – добро – доволно – незадоволително)

1.2    Анализа

Во период од 23.04.2020 до 03.06.2020 е направена електронска анкета на одделенски наставници од основни училишта при што се добиени 214 одговори. Од првиот дел на анкетата е утврдено дека 201 испитаници се женски, а 13 машки. Ова донекаде ја отсликува и сегашната полова структура на одделенските наставници во Република Северна Македонија.

Дијаграм 3‑1 Полова структура на испитаниците

Во однос на прашањето за работен стаж во настава, од графиконот може да заклучиме дека е рамномерна застапеност од сите групи на работно искуство (0 – 5 години, 5 – 10 години, 10 – 15 години, 15 – 20 години, 20 – 25 години, 25 – 30 години, над 30 години).

Дијаграм 3‑2 Структура според работен стаж на испитаниците

Испитаниците се од цела Македонија од вкупно 54 општини.  Општини со најмногу испитаници се: Битола 16,8% (36 испитаници), Куманово 11,2% (24 испитаници), Карпош 8,4% (18), Кисела Вода 7,5% (16 испитаници), Гази Баба 5,6% (12 испитаници), Прилеп 3,7% (8 испитаници), Ресен, Охрид и Аеродром по 3,3% (по 7 испитаници), Бутел 2,3% (5 испитаници).




Дијаграм 3‑3 Структура на испитаници по општини

Според анкетата може да заклучиме дека 62,1% од училиштата се во градска средина, додека 37,9 % се во рурална средина.

Дијаграм 3-4 Структура според градска или рурална средина

Во однос на јазикот на кој се изведува наставата: 202 од испитаниците изведуваат настава на македонски јазик, 10 на албански, 4 на турски јазик и 1 на друг јазик.

Дијаграм 3 5 Структура според јазик на кој се одвива наставата

Подолу може да се види распределбата на наставници во различни одделенија, при што дел од испитаниците предаваат во комбинирани паралелки со повеќе одделенија.

Дијаграм 3‑6 Структура според одделенија во кои предаваат[1]

Во делот од прашањата кои се однесуваат на условите за примена на ИКТ (информатичко-компјутерска технологија) во наставата во училиштето и во училницата на испитаниците добиени се подолниве одговори.  Во однос на условите за примена на ИКТ (информатичко-компјутерска технологија) во наставата во училницата, само 57% од испитаниците се задоволни од условите во нивната училница (одговориле, добро, многу добро и одлично), а 67% се задоволни од условите во нивното училиште.

Дијаграм 3-7 Структура на изјави за условите на ИКТ

Од вкупниот број на испитаници 47% често користат ИКТ во наставата по математика, 29,4 % ретко, 11,2% многу често, 8,9% ретко и 3,3% никогаш. Од тука може да заклучиме дека ⅔ од испитаниците користат почесто, додека останатие ⅓ поретко ИКТ во наставата по математика.

Дијаграм 3-8 Изјави за користење на ИКТ во наставата

Подолу е даден графикон кој дава одговор на прашањата: „Како ја оценувате примената на ИКТ во наставата во вашето училиште?” и „Како ја оценувате примената на ИКТ во наставата по математика што ја изведувате Вие?“ кои не варираат многу од нормалната распределба на одговорите.

Дијаграм 3‑9 Оценки за примена на ИКТ во наставата

Поставени се две прашања со цел да се добие квалитативен одговор на истите и да се определи потребата од ресурси. Во однос на прашањето „Какви ИКТ алатки (програми, апликации) користите во наставата по математика?“ најчест одговор беше Power Point, но имаше и одговори како Kahoot,  GeoGebra, YouTube, Edmodo, Facebook, Zoom, Match, XtraMath, JetMinds и така натаму. Од направеното истражување на алатки и интернет страници, може да заклучиме дека нема систематизирана листа на ИКТ алатки кои се користат во наставата по математика, и според тоа постои голема потреба од такви алатки.

Исто така во однос на прашањето „Кои интернет страници (за наоѓање активности или линкови со онлајн активности) ги користите во наставата по математика?“ иако се дадени интернет страници како: Google, YouTube, Eduino, Scratch или други, не постои интернет страница која почесто се јавува како ресурс што го користат самите испитаници.

Од тука може да ја потврдиме првата поттеза дека: „Одделенските наставници имаат потреба од повеќе соодветни ИКТ ресурси и компјутерски алатки за примена во наставата по математика“

Следниот дел на истражувањето се однесува на Scratch како алатка за користење во наставата по математика. Во однос на прашањето „Дали сте слушнале за Scratch“, 61,7% од испитаниците одговориле дека слушнале, а остатокот од 38,3% дека не слушнале за Scratch.

Дијаграм 3‑10  Информираност за Scratch

Од испитаниците кои слушнале за Scratch (132 испитаници), 77,3%  од нив посетувале обука за Scratch, додека останатите 22,7% не посетувале.

Дијаграм 3‑11 Посетени обуки за Scratch

Иако посетувале обука само половина од испитаниците позитивно го оценуваат своето познавање на програмата Scratch (51,6%) и сопствената примена на Scratch во наставата (47,5%). Во графиконот подолу очигледно е незадоволството од стекнатото знаење и употребата на истото, што е резултат на квалитетот на досегашните обуки за Scratch.

Дијаграм 3‑12 Оцени за знаење и примена на Scratch

Од друга страна, од тие што не слушнале за Scratch, 87,8% сакаат да посетат обука за Scratch. Ова претставува висок степен на интерес на испитаниците и дава потврда на првата подтеза.

Дијаграм 3‑13 Интерес за обуки во Scratch

Врз основа на оценката за можноста за обуки за ИКТ во наставата во сопственото училиште, е претставено, дека во речиси 4 / 5 од училиштата постои можност за држење на вакви обуки (78,2%). Во однос на заинтересираноста на наставниците за посета на обука за ИКТ во наставата, 3/4 изразиле заинтересираност (одговориле, добро, многу добро и одлично) (76,38%).

Дијаграм 3‑14 Можност и заинтересираност за обука во Scratch

1.3  Заклучок од истражувањето

  • Околу две третини од наставниците се задоволни од условите за ИКТ во нивната училница и во нивното училиште
  • Од истражувањето нема систематизирана листа на ИКТ алатки кои се користат во наставата по математика, и според тоа постои голема потреба од такви алатки. Ова значи дека одделенските наставници имаат потреба од повеќе соодветни ИКТ ресурси и компјутерски алатки за примена во наставата по математика
  • Околу три петтини од наставниците слушнале за Scratch како алатка, при што од тие што слушнале за Scratch,  четири од пет наставници имаат посетуванo обука за Scratch
  • Од тие што посетувале обука, само половина од нив позитивно го оценуваат своето познавање на програмата Scratch и сопствената примена на Scratch во наставата
  • Речиси девет од десет наставници, од тие што не слушнале за Scratch, сакаат да посетат обука за Scratch
  • Во четири од пет училиштата постои можност за држење на обуки за ИКТ
  • Три од четири наставници се заинтересирани за посета на обука за ИКТ во наставата

[1] Еден наставник може да предава во повеќе одделенија во случај на мешани паралелки

]]>
Алатка за внесување податоци и нивно прикажување со пиктограм https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b8-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2586%25d0%25b8-%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25bf Fri, 06 Aug 2021 08:08:23 +0000 https://edukacija.mk/?p=204 Read More »Алатка за внесување податоци и нивно прикажување со пиктограм]]> За темата „Работа со податоци и решавање проблеми“ во програмите  по математика од прво до трето одделение ги среќаваме овие три развојни цели:

Одделение Цели
ПрвоОдговара на прашање со издвојување и организирање на податоците или предметите на различни начини, на пр.:
со користење на графикони и пиктограми со практични средства;
разговор за резултатите поставени во листи и табели со практични средства;
разговор за резултатите во Венов и во Керолов дијаграм со давање различни критериуми за групирање на исти предмети
ВтороОдговара на прашање со собирање и запишување на податоци во листи и табели и сликовно ги претставува со графикони и пиктограми за прикажување на резултатите.
ТретоОдговара на прашања од секојдневниот живот со собирање, организирање и толкување на податоци (на пр: истражување на популацијата на видови инсекти во различни средини).

За оваа тема Scratch може да се искористи за собирање и внесување на податоци од истражување преку користење на опциите на Scratch за креирање на листи, односно табели за внесување на податоци.

Тука ќе покажам како функционира еден пример од оваа алатка која може да се земе како основа за користење. Понатаму, во зависност од намената самата алатка наставникот може да ја прилагоди или да ги искористи кодовите за нова алатка за ново истражување. Во мојот пример разгледувам едно истражување што треба да го направат учениците, односно да соберат податоци – одговори на прашањето: „Кое е твоето омилено годишно време?“. Ако се во училница како испитаници може да ги имаат своите ученици.

Во лентата со блокови, во секцијата „Variables“ ја одбираме опцијата Make a List и креираме листа со име „Омилено годишно време“.

Притоа на Сцената се креира табела со листа која на почеток е празна:

Ученикот ги поставува прашањата до испитаниците и ги внесува добиените одговори во листата, со притискање на знакот +. Под претпоставка дека можни и прифатливи одговори се по една од опциите: пролет, лето, есен и зима, по внесувањето на одговорите од 10 испитаници листата може да изгледа вака:

Понатаму за секој различен одговор е избран по еден карактер односно сликичка. Во нашиот случај: „цвет“ означува еден одговор „пролет“, „сонце“ означува еден одговор „лето“, „облак“ означува еден одговор „есен“ и „снегулка“ означува еден одговор „зима“. Секој од овие карактери се подесуваат на почеток при притискање на зелено знаме да се позиционираат на десната страна од Сцената со помош на блокот „Go to“ во којшто се внесуваат координатите за посакуваната позиција.

Изглед на сцената по внесени податоци

Кај секој од карактерите се става ист код. Се променуваат само променливите и зборот на којшто одговара сликичката.  Овој код се стартува со притискање на карактерот. Притоа на Сцената ќе се исцртаат онолку сликички колку што пати се повторува податокот во листата (табелата) со податоци. 

Код за секој карактер/сликичка во пиктограмот

 По кликање на секој од карактерите го добиваме конечното претставување на собраните податоци во вид на пиктограм:

Алатката во овој облик е достапна на линкот: https://scratch.mit.edu/projects/426054990/.

За нова примена треба да се избришат податоците од листата. Тоа може да се направи со бришење на еден по еден од податоците (кога ќе притиснеме на него, на десната страна има знакче x кое се притиска за бришење) или поедноставно се бришат сите податоци од листата со едно притискање на блокот:

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „Читање на време до половина час на аналоген часовник“ https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%87%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5-%d0%b4%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d1%2587%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b5-%25d0%25b4%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25be Fri, 06 Aug 2021 07:47:21 +0000 https://edukacija.mk/?p=195 Read More »Алатка за цел „Читање на време до половина час на аналоген часовник“]]> Алатката „Аналоген часовник“ може да ја прилагодиме така што ќе покажува произволен точен час и минути до половина час и со тоа да ја искористиме за проверка на усвоеност на соодветната цел од второ одделение: „Го чита времето до половина час на дигитален и аналоген часовник“.

Во претходната алатка се прават измени на кодовите на Минутната стрелка, Часовната стрелка и Мајмунчето и тие изгледаат вака:

Код на алатката за часовник со читање до половина час

Оваа алатка се стартува со клик на Зелено знаме, пришто се генерираат произволни вредности на две променливи: час (во опсег од 1 до 12) и минути (0 или 1). Во зависност од вредноста на променливата „час“ часовната стрелка се поставува да покажува на бројот на часовникот соодветен на вредноста на променливата „час“. Ако вредноста на променливата „минути“ е 0 тогаш минутната стрелка ќе покажува на 12, односно ако вредноста на променливата „минути“ е 1 тогаш минутната стрелка ќе покажува на 6. Потоа Мајмунчето поставува прашање за тоа колку е часот и во зависност од одговорот дава повратна информација до ученикот. Ако вредноста на „минути“ = 0 се поставува прашање „Колку е часот?“ со очекување ученикот да внесе само број кој го означува точниот час. Ако вредноста на „минути“ = 1 се поставува прашање „Колку  часа и минути?“ со очекување ученикот да внесе одговор од облик: „3 и 30“.

Оваа алатка може да се стартува неограничен број на пати со клик на Зелено знаме и при секое ново стартување ќе се генерира нова задача. Но овој начин учениците може да го вежбаат читањето на времето на аналоген часовник до половина час.

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/425675176/

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „Аналоген часовник“ https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b5%d0%bd-%d1%87%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%ba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b3%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d1%2587%25d0%25b0%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25ba Fri, 06 Aug 2021 07:36:51 +0000 https://edukacija.mk/?p=179 Read More »Алатка за цел „Аналоген часовник“]]> Наставните цели што се однесуваат на единиците мерки за време и препознавање време на часовник во програмите по математика од прво до трето одделение ги среќаваме со следната формулација:

Одделение Цели
ПрвоГо чита времето (часот) и ги знае клучните времиња на денот.
ВтороГо чита времето до половина час на дигитален и аналоген часовник.
ТретоПочнува да пресметува едноставни временски интервали во часови и минути.

Една од алатките за исполнување на овие цели е алатката „Аналоген часовник“. Во оваа алатка е изработен аналоген часовник којшто го покажува тековното време до: часови, минути и секунди. Врз основа на тоа самиот проект содржи 4 карактери: основа на часовникот, часовна стрелка, минутна стрелка и секундарна стрелка. Кодовите кај секој од карактерите се како што следуваат:

Кодови на карактерите во алатката за аналоген часовник

Со клик на Зеленото знаме се стартуваат сите кодови и часовникот почнува да работи со соодветно ротирање на стрелките односно насочување во насока на соодветниот број на часовникот.

Може да се забележи дека во блокот за насочување во пресметката на аголот се додадени 90°:

Ова е случај кај сите три стрелки. Стрелките при цртањето се поставени вертикално односно во насока на 12 часот (0°). Но Scratch карактерите во почетна позиција имаат насока 90° и затоа треба да им се додадат дополнителни 90°.

Во алатката на линкот  https://scratch.mit.edu/projects/422136715/ е внесен уште еден карактер –  Мајмунче којшто поставува прашања до корисникот за точниот час и минути и ја проверува точност на внесениот одговор и дава повратна информација. Во продолжение  е кодот на овој карактер и директен линк до алатката:

Сцената на проектот при негово стартување и извршување изгледа вака:

При секое ново притискање на Мајмунчето тоа поставува прашања: „Колку е часот?“ и „Колку минути се поминати од овој час?“ и дава соодветна повратна информација за точноста на внесениот одговор.

Оваа алатка претставува функционален аналоген часовник кој се стартува да работи во реално време. Затоа неговата примена е повеќе демонстративна од страна на наставникот или ученикот, за да се покаже како функционира аналоген часовник, како се движат стрелките итн. Во однос на проверка на усвоените знаења од страна на ученикот може да се искористи за проверка на точно читање на времето до час и минута.

Оваа алатка може да се менува и да се прилагодува во зависност од одделението и целите на часот.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „2Д форми“ за трето одделение https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-2%d0%b4-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b4%d0%b5%d0%bb/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-2%25d0%25b4-%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bc%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bb Thu, 05 Aug 2021 14:29:59 +0000 https://edukacija.mk/?p=167 Read More »Алатка за цел „2Д форми“ за трето одделение]]> Во алатката за трето одделение се задржуваме на целта: „Разликува 2Д форми според бројот на страните, темињата“. Оваа алатка е направена за усвојување на целта и проверување на усвоеноста на целта. Во проектот има три карактери: „Молив“, „Копче за почеток и нова задача“ и „Копче за крај“.

Карактерот „Копче за почеток и нова задача“ има три изгледи (костими): изглед за почеток, изглед за порака „Браво“ и изглед за порака „Ново погодување“. Во продолжение се дадени изгледите/костимите и кодот на овој карактер:

На почеток на Сцената стои првото копче и со негово притискање започнува една рунда задачи. Тогаш се активира и кодот на Моливот:

Изглед на Сцена и код на карактерот Молив

Како што гледаме во него е дефинирана променлива „број на страни“ чија вредност се избира произволно во опсегот од 3 до 10 при секое ново притискање на копчето за нова задача. Таа дефинира каков многуаголник ќе се исцрта на Сцената. Потоа се поставува прашање до ученикот да го внесе бројот на страни на нацртаниот многуаголник. При точен одговор се потврдува точноста и копчето добива изглед „Браво“. При неточен одговор се дава пишана порака со точниот одговор.

Изглед на Сцена при точен и неточен одговор

Во кодот има две променливи кои служат како бројачи на: број на поставени задачи и број на точно одговорени задачи. Тие можат да бидат видливи на сцената или да бидат сокриени како што е прикажано на претходните слики. Со притискање на копчето „Крај“ ученикот кажува дека сака да заврши со користење на алатката. Притоа се активира кодот на овој карактер и се покажува соодветна порака која дава повратна информација: Колку вкупно задачи решавал ученикот и колку од нив ги решил точно. Исто така се дава и процентот на точно решени задачи.

Код и изглед на алатката со исцртани форми и копче за крај

Во оваа алатка може да се менува опсегот од кој произволно се бира бројот на страни при секое ново цртање, во зависност од потребите и целите на часот.

Алатката е достапна на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/363535516/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за именување и својства на 2Д форми. Алатка за цртање на правилни многуаголници https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-2%d0%b4-%d1%84%d0%be%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-2%25d0%25b4-%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2580 Thu, 05 Aug 2021 14:12:59 +0000 https://edukacija.mk/?p=159 Read More »Алатка за именување и својства на 2Д форми. Алатка за цртање на правилни многуаголници]]> Во наставата во второ одделение може да се користи истата алатка од прво одделение со цел учениците да ги повторат имињата и својствата на 2Д формите. Во таа алатка може да се додадат нови карактери, како: Рамностран триаголник, Правилен петаголник, Неправилен петаголник, Правилен шестаголник, Неправилен шестаголник и слично. Кај секоја од формите во облачето со текст може да се менува текстот во зависност од својствата кои сакаме да ги потенцираме и кои треба да ги усвојат учениците.

Новите карактери може да се нацртаат со користење на Paint Editor во Scratch или може да се најдат готови сликички од фигурите и да се додадат како карактери во Scratch преку опцијата Upload Sprite:

Цртање на карактер во Paint editor

Друга алатка која може да најде примена во наставата е алатката за цртање на правилен многуаголник. Нејзиниот код е следниот:

Ученикот треба да го внесе бројот на страни на многуаголникот чиешто цртање и цртеж сака да го види  и потоа за кратко на екранот се исцртува соодветниот правилен  многуаголник:

Изглед на сцена на алатката за правилни 2Д форми

Со оваа алатка ученикот може преку визуализација полесно да ги запомни и препознава правилните многуаголници со одреден број на страни. Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/363106117/

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „2Д форми“ за прво одделение https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-2%d0%b4-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b5/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-2%25d0%25b4-%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bc%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b5 Thu, 05 Aug 2021 13:32:33 +0000 https://edukacija.mk/?p=146 Read More »Алатка за цел „2Д форми“ за прво одделение]]> Во однос на 2Д формите или геометриски форми во рамнина како група на цели кои спирално се надополнуваат од прво до трето одделение се следните:

ОдделениеЦели
Прво Именува и издвојува едноставни 2Д форми (на пр. кругови, квадрати, правоаголници и триаголници) разликувајќи ги по бројот на страните, по криви или прави линии. Ги користи да направи шеми и модели.
Второ Групира, именува, опишува, замислува и црта 2Д форми (на пр. квадрат, правоаголник, круг, правилен и неправилен петаголник и шестаголник) според нивните својства; препознава 2Д форми во различни положби.
Трето Препознава, опишува и црта 2Д форми вклучувајќи петаголници, шестаголници, осумаголници и полукругови. Разликува 2Д форми според бројот на страните, темињата и правите агли.
Табела со цели за 2Д форми

Алатката за прво одделение е направена да им помогне на учениците полесно да ја усвојат целта: „ Именува и издвојува едноставни 2Д форми (на пр. кругови, квадрати, правоаголници и триаголници) разликувајќи ги по бројот на страните, по криви или прави линии “.

Самата алатка е интерактивно претставување на фигурите по редослед според избор на ученикот. Карактери во овој проект се: „Магионичар“ како презентер и водич низ алатката и 2Д форми: „Круг“, „Квадрат“, „Правоаголник“ и „Триаголник“.

Со започнување на програмата на Сцената се појавува Магионичар кој ја кажува целта на алатката и поставува прашање до ученикот која 2Д форма сака да се појави. Притоа му дава избор од формите кои се внесени во алатката, а ученикот треба да го испише името на формата.

Изглед на прва сцена на алатката за 2Д форми за прво одделение

Кодот на овој карактер е како следува:

Според внесениот одговор од страна на ученикот се појавува соодветната 2Д форма со краток опис на нејзините својства. Исто така кај секоја форма се внесени и мали ефекти за движење, менување на боја или големина за да се внесе динамичност во алатката. Во продолжение се дадени карактерите со соодветните кодови:

Кодови на карактерите на алатката за 2Д форми

Со користење на оваа алатка ученикот учи да ги именува дадените 2Д форми, да ги препознава и учи некои  нивни својства: дали има прави или криви линии, колку страни има итн.

Оваа алатка може да се испроба на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/421047379/.

Во зависност од потребите алатката може да се менува со додавање на нови 2Д форми како карактери или со внесување на нови дијалози за други својства на формите со кои сакаме да се запознаат и да ги усвојат учениците.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „Споредување на броеви“ за трето одделение https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8-3/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25b8-3 Fri, 30 Jul 2021 15:49:00 +0000 https://edukacija.mk/?p=139 Read More »Алатка за цел „Споредување на броеви“ за трето одделение]]> Оваа алатка е направена за исполнување на соодветната цел по математика за трето одделение „ Споредува трицифрени броеви користејќи ги знаците „>“ и „<“ “.

Алатката всушност е истата алатка од второ одделение со направена измена на интервалот од којшто се бираат броевите кои се споредуваат. Во овој случај тоа е интервалот од 100 до 1000. Тој интервал може да се менува, односно да биде потесен или поширок во зависност од целите на конкретниот час или во зависност од индивидуалните потреби на ученикот.

Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/413210198/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
Алатка за цел „Споредување на броеви“ за второ одделение https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8-2/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25b8-2 https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8-2/#comments Fri, 30 Jul 2021 15:43:58 +0000 https://edukacija.mk/?p=136 “ и „<““. Алатката е направена со мали измени на соодветната алатка од прво одделение. Измените се направени само во кодот кај Мачето: Првиот и вториот број се избираат од поголем интервал, односно од… Read More »Алатка за цел „Споредување на броеви“ за второ одделение]]> Оваа алатка е направена за исполнување на соодветната цел за второ одделение „ Споредува два броја до 100 користејќи ги знаците „>“ и „<““. Алатката е направена со мали измени на соодветната алатка од прво одделение. Измените се направени само во кодот кај Мачето:

  • Првиот и вториот број се избираат од поголем интервал, односно од 1 до 100
  • За кажување дијалог е искористен само еден блок “Say” зашто во текстот кај Мачето се користат знаците за помало и поголемо наместо зборови (имајќи во предвид дека учениците веќе ги усвоиле и препознаваат знаците)
Код и изглед на алатка за споредување на броеви за второ одделение

Кодовите за останатите карактери во оваа алатка остануваат исти како во соодветната алатка од прво одделение.

Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/384071059/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8-2/feed/ 1
Алатка за цел „Споредување на броеви“ за прво одделение https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25b8 https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8/#comments Fri, 30 Jul 2021 15:36:29 +0000 https://edukacija.mk/?p=127 Read More »Алатка за цел „Споредување на броеви“ за прво одделение]]> Во однос на споредувањето на броеви во наставните програми по математика од I до III одделение се дадени следните цели:

Одделение Цели
ПрвоКористи поими „поголем“ или „помал“ за да спореди два броја до 30 и кажува број што се наоѓа помеѓу нив.
ВтороПодредува броеви до 100; споредува два броја користејќи ги знаците „>“ и „<“.
ТретоСпоредува трицифрени броеви користејќи ги знаците „>“ и „<“ и наоѓа број помеѓу нив.
Табела со цели за споредување на броеви

За секое одделение е направена по една алатка во согласност со целта која треба да се совлада.

Алатката за прво одделение е направена за исполнување на соодветната цел: „Користи поими „поголем“ или „помал“ за да спореди два броја до 30“. Со нејзино користење учениците може да го проверуваат своето знаење за споредување на броеви, да вежбаат неограничен број на задачи и истовремено да ги запознаат знаците „>“ и „<“ и да ги поврзат соодветно со термините „поголем од“ и „помал од“.

Со примена на алатката при секое притискање на Мачето се генерира ново прашање кое се задава како текст и се прикажува визуелно како исказ со броеви и знак на сцената.

Код и изглед на алатка за поголемо и помало

Прашањата се формулирани за „да – не“ одговор и затоа на сцената се ставени две копчиња со чие притискање ученикот го кажува својот одговор. Со нивно притискање програмата проверува дали одговорот на ученикот е точен или неточен и му дава соодветна повратна информација. Во продолжение се кодовите на копчињата „Да“ и „Не“.

Кодови на копчињата за „Да“ и „Не“

Во програмата се вметнати два бројачи: бројач на решени задачи и број на точно решени задачи. Со притискање на копчето „Крај“ ученикот кажува дека завршил со решавање и добива повратна информација за успешноста во решавањето. После тоа може повторно да започне нова рунда задачи за да го подобри својот резултат.

Код и изглед на порака за успешност во решавање

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/413213348/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

]]>
https://edukacija.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%b2%d0%b8/feed/ 1